Дупер
Дупер (стилизирано како ДУПЕР) е македонски поп дуо бенд основан во Скопје. Моментални членови на бендот се Борис Какуринов кој свири на гитара и клавијатурa и Илчо Нечовски кој е главен вокал и свири на бас гитара. Мартина Баракоска која била дел од бендот до 2019 година, свирела на тапани.
Дупер | |
---|---|
Потекло | Скопје, Македонија |
Жанрови | поп |
Период на активност | 2018–сега |
Издавачи | Авалон продукција (2018-2019) |
Членови | |
Борис Какуринов, Илчо Нечовски | |
Поранешни членови | |
Мартина Баракоска |
Бендот стекнува популарност со нивниот деби сингл „Не сум твој тип“ (2018) за кој добиваат позитивни критики поради оригиналниот и свеж звук кој го внесуваат во македонската музика.
Заднина
уредиБорис Какуринов и Илчо Нечовски се запознаваат уште во средно училиште. Поради тоа што имаат заеднички проби во оркестарот во нивното училиште Орце Николов каде Илчо свири виолина, а Борис гитара, одлучуваат да свират заедно.[1]
2018-2021: Музичко пробивање и прв студиски албум
уредиЗа првпат се појавуваат на македонската сцена со песната „Не сум твој тип“ издадена на 20 јуни 2018 година со музичко видео во режија на Томи Акимовски.[2] Песната стекнува инстантна популарност, а бендот добива пофалби за оригиналниот звук кој го воведуваат на македонската сцена.[3] Во 2021 година, спотот за песната е прегледан повеќе од 3 милиони пати на Јутјуб.[4][5]
Бендот потпишува договор со издавачката куќа Авалон продукција во 2018, а истиот го раскинува во 2019 година. Истата година, поради ненадминливи разлики, Мартина Баракоска ја напушта групата.[6] На 20 мај 2020 година, бендот ја објавува „Сменета“ во соработка со Матеј Фолц која добива добри критики од публиката. Музичкото видео за песната е во режија на Ангела и на Софи од „Фроузен тајм дропс“.[7]
Нивниот прв студиски албум Хипер кој ги содржи претходно издадените песни „Тело за на ТВ“, „Ние сме 2“, „Пробај да ми бидеш“ е издаден независно во јули 2021 година.[8][9] На албумот се наоѓа и последниот сингл на бендот насловен „Рајот на земјата“ чиј спот е издаден на 7 јули во режија на Томислав Живковиќ.[10] Музиката, текстот и аранжманот на сите песни се направени од двајцата членови на дуото, додека снимањето, миксот и мастерингот се изработени од Ангел Ќосев, во студиото „Подрумот“.[10] На 8 септември, бендот ја објавува „Не ми даваш сон“ во соработка со Теа Трајковска заедно со музичко видео во режија на Томислав Живковиќ.[11]
Награди и номинации
уредиВо 2019 година, бендот ја добива наградата за музичко отркитие на годината на шоуто Златна бубамара на популарноста.[12] Истата година, добиваат номинација за најдобра алтернативна група и најдобар спот за 2019 година на манифестацијата MAC одржана во Белград, Србија.[13] Бендот исто така ја добива наградата за најдобар бенд доделена на наградите организирани од страна на магазинот Стори.[14]
Јавни настапи
уредиНа Златната бубамара на популарноста од 2019, бендот настапува со песните „Не сум твој тип“ и „Ние сме 2“.[15]
Дискографија
уреди- Хипер (2021)
Видеографија
уредиВидео | Година | Режисер |
---|---|---|
„Не сум твој тип“ | 2018 | Томи Акимовски |
„Тело за на ТВ“ | 2018 | Томи Акимовски |
„Ние сме 2“ | 2019 | Томи Акимовски |
„Патник“ | 2019 | Frozen Time Drops |
„Пак и пак“ | 2019 | Frozen Time Drops |
„Единствен начин“ | 2020 | Frozen Time Drops |
„Сменета“ (соработка со Матеј Фолц) | 2020 | Frozen Time Drops |
„Рајот на земјата“ | 2021 | Томислав Живковиќ |
„Не ми даваш сон“ (соработка со Теа Трајковска) | 2021 | Томислав Живковиќ |
Наводи
уреди- ↑ „Интервју: „ДУПЕР" е за самите нас, едно големо другарство“. Вечер. 16 јануари 2020. Посетено на 28 јули 2021.
- ↑ Б., Р. (21 јуни 2018). „Дупер – Освежување на македонската музичка сцена“. Радио бубамара. Архивирано од изворникот на 2021-07-28. Посетено на 28 јули 2021.
- ↑ „Членовите на новото скопско трио „Дупер" тврдат – „Не сум твој тип" (ВИДЕО)“. 27 јули 2018. Архивирано од изворникот на 2021-07-28. Посетено на 28 јули 2021.
- ↑ DUPER - Ne sum tvoj tip. Официјален Јутјуб канал на Дупер. 30 јуни 2018. https://www.youtube.com/watch?v=MfyNsiGjirY&ab_channel=DUPER. Retrieved 28 јули 2021.
- ↑ „Дупер промовира прв албум по три години на сцената“. Репортер мк. 6 јули 2021. Посетено на 28 јули 2021.
- ↑ „„Дупер" со нова песна се збогува со Мартина и Авалон“. Република онлајн. 6 мај 2019. Архивирано од изворникот на 2021-07-28. Посетено на 28 јули 2021.
- ↑ Стевковска, Марта (15 јуни 2020). „Со Дупер и Матеј Фолц за „Сменета"“. Портрет дигитал. Посетено на 28 јули 2021.
- ↑ „Хипер - Дупер“. Музички регистар. Архивирано од изворникот на 2021-07-28. Посетено на 28 јули 2021.
- ↑ Б., Р. (7 јули 2021). „ДУПЕР ГО ОБЈАВИ ПРВИОТ АЛБУМ!“. Архивирано од изворникот на 2021-07-28. Посетено на 28 јули 2021.
- ↑ 10,0 10,1 „„Дупер" ќе ве одведат до – „Рајот на земјата" (ВИДЕО)“. Вистина мк. 19 јули 2021. Архивирано од изворникот на 2021-07-28. Посетено на 28 јули 2021.
- ↑ THEA X DUPER - Ne mi davash son (Official Video). 8 септември 2021. https://www.youtube.com/watch?v=SDOol8LN7Wc&ab_channel=TheaTrajkovska. Retrieved 8 септември 2021.
- ↑ „Еве во чии раце завршија наградите на „Златна Бубамара на популарноста"“. Фемина. 22 февруари 2019. Посетено на 28 јули 2021.
- ↑ Таушанска, Марија (2 јуни 2020). „Правиме музика без намера да се допаднеме“. Нова Македонија. Посетено на 28 јули 2021.
- ↑ „Официјално избран најдобар инфлуенсер во Македонија“. Скопје 24. 26 март 2019. Архивирано од изворникот на 2021-07-31. Посетено на 31 јули 2021.
- ↑ ДУПЕР - НЕ СУМ ТВОЈ ТИП/НИЕ СМЕ 2 (Златна бубамара 2019). Јутјуб. 14 март 2019. https://www.youtube.com/watch?v=C6RViDIzu-8&ab_channel=RadioBubamara. Retrieved 28 јули 2021.