Дунавска школа

уметнички правец
(Пренасочено од Дунавски стил)

Дунавска школа или Дунавски стил (германски: Donauschule или Donaustil) — сликарски правец во првата третина на XVI век застапен во Баварија и Австрија, претежно по долината на Дунав. Воедно биле иновативни графичари, обично во бакрорез. Уметниците од оваа школа се меѓу првите што практикувале чисто пределно сликарство. Фигурите им се претставени мошне експресивно, ако не и експресионистички, под влијание на Матијас Гриневалд.

Дунавски предел кај Регенсбург од Албрехт Алтдорфер, ~ 1522 г.

Делата практично немаат влијанија од италијанското сликарство и кај нив видливо отсуствува фината обработка на северната ренесанса, заменувајќи ја со потезен стил кој бил доста пред своето време.

Најистакнати членови на Дунавската школа биле:

Големо влијание врз нив имал и Лука Кранах Постариот, кој понекогаш се вбројува како член на оваа школа.

Поврзано

уреди

Библиографија

уреди
  • Stange, Alfred. Malerei der Donauschule. Munich: Bruckmann, 1971.
  • Stadlober, Margit. Der Wald in der Malerei und der Graphik des Donaustils. Vienna: Böhlau, 2006.

Надворешни врски

уреди