Друштвен танц е категорија на танци кои имаат општествена функција и контекст. Кај друштвените танци, учеството е главната цел, за разлика од перформативните танци каде учесниците настапуваат за публика[1]. Карактеристично е што друштвените танци лесно може да се водат и следат. Дружењето (од таму и името) и забавата се во преден план кај друштвените танци, иако понекогаш тие имаат и церемонијални, натпреварувачки или еротски функции.

Шкотланѓани танцуваат

Многу западноевропски друштвени танци кои настанале во изминатите неколку века се партнерски танци, но овој формат е редок на други места[2]. Постојат кружни и линијски танци, а нивните учесници може да бидат исклучително припадници на одредена возрасна, родова или друга општествена група.

Наводи

уреди
  1. „Ballroom Dance“. socialdance.stanford.edu. Посетено на 2020-04-03.
  2. „Histories of Social Dance“. socialdance.stanford.edu. Посетено на 2020-04-03.