Дринабосански бренд на цигари, во моментална сопственост и производство на Тутунскиот комбинат Сараево.[1] Брендот е именуван по реката Дрина, која е дел од меѓународната граница меѓу Србија и Босна и Херцеговина.

Стара кутија цигари Дрина Денифајн, со текст со предупредување на дното од кутијата.

Историја

уреди

Марката била основана по крајот на Втората светска војна во Социјалистичка Република Босна и Херцеговина. Брендот брзо станал еден од најпопуларните брендови на цигари во Југославија, слично на брендовите на цигари Морава и Драва.[2] Брендот е еден од ретките марки на цигари од поранешна Југославија што го преживеал распадот на Југославија и сè уште се продава денес, како најпродавана марка во Босна и Херцеговина.[3][4] Брендот е уникатен бидејќи користи специјален тутун наречен Равњак наместо традиционалниот тутун Вирџинија или Бурли.[5]

Меѓународна трговија

уреди

Дрина се продавала или се уште се продава во следните земји: Швајцарија, Австроунгарска Босна и Херцеговина, Кралство Југославија, Југославија, Социјалистичка Република Хрватска, Социјалистичка Република Србија, Србија и Црна Гора, Србија, Социјалистичка Република Босна и Херцеговина и Босна и Херцеговина.[6][7][8][9]

Варијанти

уреди
 
Дрина, актуелно пакување со предупредувачка етикета на босански, хрватски и српски јазик.
  • Дрина Денифајн[10][11]
  • Дрина Једина
  • Дрина Голд
  • Дрина Силвер

Подолу се сите актуелни марки на цигари Дрина што се продаваат, со вклучени нивоа на катран, никотин и јаглерод моноксид.

Вид Катран Никотин Јаглерод моноксид
Дрина Денифине 10 мг 0,9 мг 10 мг
Дрина Једина 10 мг 0,8 мг 10 мг
Дрина Голд 8 мг 0,6 мг 10 мг
Дрина Сребрена 4 мг 0,4 мг 6 мг

Наводи

уреди
  1. „BrandDrina“. Cigarettes Pedia. Архивирано од изворникот на 2017-12-30. Посетено на 2017-12-17.
  2. „Vreme 1119 - Kultura secanja: Kako smo popusili domace cigarete“. vreme.com. Архивирано од изворникот на 2018-06-22. Посетено на 2017-12-17.
  3. ChartsBin. „Best selling Cigarette brand in each Country“. chartsbin.com. Архивирано од изворникот на 2013-08-24. Посетено на 2017-12-17.
  4. „YU-logika: Filter 57 pakirao se naopako. Evo zašto“. Express.hr. Архивирано од изворникот на 2017-12-11. Посетено на 2017-12-17.
  5. „Up in A Puff of Smoke“. occrp.org. Архивирано од изворникот на 2018-03-17. Посетено на 2017-12-17.
  6. „BrandDrina - Cigarettes Pedia“. www.cigarettespedia.com. Архивирано од изворникот на 2017-12-30. Посетено на 2017-12-17.
  7. „Drina“. www.zigsam.at. Архивирано од изворникот на 2018-03-17. Посетено на 2017-12-17.
  8. „Brands“. www.cigarety.by. Архивирано од изворникот на 2022-08-27. Посетено на 2018-06-04.
  9. „Brands“. www.cigarety.by. Архивирано од изворникот на 2018-03-17. Посетено на 2018-03-16.
  10. „FDS - Fabrika duhana Sarajevo“. fds.ba. Архивирано од изворникот на 2017-09-01. Посетено на 2017-12-17.
  11. „Drina“. zigsam.at. Архивирано од изворникот на 2018-03-17. Посетено на 2017-12-17.