Државен музеј на современата уметност (Солун)

музеј во Солун

Државен музеј на современата уметност (грчки: Κρατικό Μουσείο Σύγχρονης Τέχνης) — музеј наоѓа во Солун, Егејска Македонија посветен на современата уметност. Основан е во 1997 година, откако Солун е прогласен за европски град на културата. Се наоѓа во реновираната зграда на стариот манастир на Лазаристите. Првата збирка на овој музеј е голем дел (околу 1.275 дела) од приватната збирка на Џорџ Костаки, која се нашла во сопственост на државата. Оваа збирка е составена од дела на руските авангардни уметници. За прв директор на музејот е назначен професорот од универзитетот Аристотел Милтиадис Папниколау. Од 2006 година, на таа функција е назначена д-р Марија Цанцаноглу, специјалист за руската авангарда.

Поглед однадвор
Казимир Малевич: Црн квадрат

Мисијата на музејот е да се чуваат и да се изложат делата на современата уметност од грчки, но и од странски уметници, да се образува и да се подобри вкусот на публиката, научно да се истражи историјата и теоријата на современата уметност, со што ќе се овозможи на музеолозите да се стекнат со ова знаење. Покрај постојаните изложби, кои содржат повеќе од илјада дела, музејот организира и повремени изложби.

Музејот на фотографија и Центарот за современа уметност се самојстојни одделенија на овој музеј.[1][2]

Познати уметници

уреди

Во музејот може да се видат делата на следниве уметници:

Наводи

уреди
  1. Museums of Macedonia web site
  2. „Creative CommonsAttribution-Share Alike 3.0 Unported license“. Архивирано од изворникот на 2016-04-24. Посетено на 2015-09-28.

Надворешни врски

уреди