Збирка „Костаки“

Збирката на Костаки е уметничка колекција на дела од уметници на руската авангарда, собрани од страна на колекционерот, Џорџ Костаки.[1] Собирањето на делата започнало во 1946 година, а содржи дела изработени од почетокот на 20 век до крајот на меѓувоениот период. Колекцијата вклучува 1.275 дела (масла, проекти, керамика и друго), со што претставува најголема збирка на руската авангарда надвор од Русија.[2] Од страна на грчката држава овие дела се откупени во 1997 година, кога министер за култура бил Евангелос Венизелос. Државниот музеј на современа уметност е основан паралелно со преземањето на колекцијата, а еден дел од оваа колекција е постојана поставка во музејот.[2]

Дело на Љубов Попова, 1920-1921, дел од колекцијата на Костаки

Џорџ Костаки (1913 - 1990), кој работел како возач во грчката амбасада во Москва, ги откупувал делата на руските авангардни уметници.[3] Се смета дека за купување се потрошени околу 40 милиони евра, а за складирање дополнителни 200.000 евра.[4]

Наводи

уреди
  1. Πάπυρος Λαρούς Μπριτάννικα, τόμος 37, σελίδα 153. Αθήνα: Πάπυρος Λαρούς. 2000.
  2. 2,0 2,1 „Κρατικό Μουσείο Σύγχρονης Τέχνης“. Посетено на 7/09/2015. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. New York Times, George Costakis, 77, collector of Soviet Artworks. 3 Μαρτίου 1980
  4. „SOS για τη Συλλογή Κωστάκη“. Η Αυγή. 8 Φεβρουαρίου 2014. Архивирано од изворникот на 2014-03-30. Посетено на 2015-10-07. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)