Драган Иванов
Драган Иванов (роден во 27 март 1939 година во с. Рајчиловци, Босилеград, Србија) — југословенски градежен инженер и редовен професор на Градежниот факултет во Скопје (од 1981 до пензионирањето во 2004 г.) .[1]
Драган Иванов | ||
Роден | 27 март 1939 с. Рајчиловци, Босилеград, Србија | |
---|---|---|
Занимање | професор |
Животопис
уредиДраган Иванов предавал предмети од областа на бетонските и армирано-бетонските конструкции. Магистрирал во областа на земјотресното инженерство (1971). Како истражувач, учествувал во истражувањето, проектирањето, изградбата, испитувањето и зајакнувањето на многубројни бетонски конструкции, особено мостови, во земјава и во странство.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Иванов“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 584. Text "series " ignored (help)