Драган Јаневски
Драган Јаневски — македонски поет.[1]
Животопис
уредиДраган Јаневски е роден во с. Булачани, Скопско на 1 јуни 1943 година. Завршил вишо образование. Работeл во Македонското радио. Сега е во пензија.Член на ДПМ од 1967 година. Автор е на книгите: Бајкин град (поезија за деца, 1967), Насмевка на сонцето (поезија за деца, 1967), Луцида интервала (поезијаза за возрасни, 1967), Ѕвонат луди ѕвончиња (поезија за деца, 1970), Волшебното јато (поезија за деца, 1982), како и збирката "Море, кораб, земја " (поезија за возрасни , објавена на српскохрватски јазик, 1967). Преведува од руски и српскохрватски јазик. Прв во Македонија направил и препеал избор од поезијата на Сергеј Есенин под наслов "Плачат белите брези".
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- ↑ Македонски писатели/Macedonian writers, Душтво на писатели на Македонија, 2004. стр. 107.