Дорис Анита Тејлор (англиски: Doris Anita Taylor) — американски научник, која работи во регенеративната медицина и инженерството на ткивата. Таа била директор на Центарот за биотехнологија на клетки и органи во Тексашкиот институт за срце во Хјустон, Тексас до март 2020 година.

Дорис Тејлор

Биографија

уреди

Тејлор е родена во Сан Франциско и живеела во Германија со родителите и двајцата браќа и сестри, каде што нејзиниот татко бил во војска. Кога Тејлор имала 6 години, татко ѝ бил дијагностициран со рак, а семејството се преселило во Тексас за да побара лекарска помош. После смртта на нејзиниот татко и грижата за нејзиниот брат, кој има шизофренија, таа била вовлечена во кариера со медицински истражувања.[1]

Тејлор дипломирала на Универзитетот Мисисипи по биологија и физички науки и докторирала по фармакологија на Универзитетот во Тексас - Југозападен Медицински Центар, Далас, Тексас.[2] Таа ги завршила своите пост-докторски студии на Медицинскиот колеџ Алберт Ајнштајн во Бронкс, Њујорк, каде што првпат работела со инженерство на ткиво, растејќи клетки на срцевиот мускул во лабораторија.[3]

Таа работела на факултетот на Универзитетот Дјук од 1991 до 2007 година, на факултетот на Универзитетот во Минесота од 2003 до 2012 година и во Институтот за Срце во Тексас од 2012 до 2020 година. Почнувајќи од 2014 година, таа работи како дополнителен професор на Универзитетот во Минесота и како дополнителен професор на Универзитетот А&М во Тексас до 2020 година.[2]

Истражување

уреди

Во 2008 година, тимот на Тејлор објавил труд во Nature Medicine со кој покажале како може да се создадат живи срца на стаорци користејќи инженерство на ткиво;[4] делото било наречено „обележје“. Работејќи во лабораторија, прво земале клетки од срце на стаорец (процес наречен „децелуларизација“), а потоа инјектирале матични клетки од стаорец во децелуларизирано срце на стаорец.[5]

Тејлор, исто така, спроведува истражување со кое ги открива основните разликите помеѓу машките и женските срца, како и меѓу други витални органи.[6]

Наводи

уреди
  1. Maggie Galehouse (January 23, 2013). „Saving lives with help from pigs and cells“. Houston Chronicle.
  2. 2,0 2,1 Doris A. Taylor page at THI
  3. Krista Tippett for On Being. September 30, 2010 Doris Taylor — Stem Cells, Untold Stories Архивирано на 26 октомври 2016 г.
  4. Ott, HC; и др. (February 2008). „Perfusion- decellularized: Using Nature's Platform to Engineer Bioartificial Heart“. Nat Med. 14 (2): 213–21. doi:10.1038/nm1684. PMID 18193059.
  5. Lawrence K. Altman (January 13, 2008). „Researchers Create New Rat Heart in Lab“. The New York Times.
  6. „Who has the softer heart?“. 60 Minutes. May 25, 2014.