Допир на Зен
„Допир на Зен“ (мандарински: 俠女) — тајвански филм од 1971 година, во режија на Кинг Ху, кој е автор и на сценариото, заедно со Сонглинг Пу. Главните улоги ги толкуваат: Чун Шин, Фенг Хсу, Били Чан и Пинг-Ју Чанг. Во 1975 година, на Канскиот филмски фестивал, режисерот Ху бил награден со Техничката главна награда, а бил номиниран и за „Златната палма“.[1]
Синопсис
уредиКу Шен Чаи е скромен и неамбициозен уметник кој живее во едно село, заедно со мајка си. Неговиот живот се менува по средбата со таинствената Јанг Хуи-чинг, ќерката на генерал во царската војска, која по погубувањето на татко ѝ, се крие од своите непријатели. Нејзе ѝ помага генералот Шин кој се преправа како сиромашен слеп старец. Во потрага по Јанг, во селото доаѓа генералот Оу-Јанг Нин, а Ку решава да ѝ помогне на девојката во која се вљубува...
Наводи
уредиОваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |