Флавиј Домниквизантиски воен службеник и патрикиј, активен во периодот на владеењето на Јустинијан I (527–565).[1] Не треба да се поистоветува со неговиот современик Домник, преторијански префект на Илирија (мандат 535–540).[2]

Животопис

уреди

Домник првпат се споменува во 536 година. Тој бил член на византискиот сенат. Прокопиј запишал дека Домник бил исптатен во Африка, заедно со Герман и Симах. Тројцата биле задолжени со справувањето на воениот бунт на Стоцас. Домник ја презел командата на пешадијата во таа област, наследувајќи го Јован Драчки. Тој бил војсководач на пешадијата за време на Битката кај Скал Ветерес (537).[1] Во битката победа извојувал Герман со неговите сили.[3] Герман, Домник, И Симах биле повикани назад во Цариград во 539 година.[1]

Документите од 540 година укажуваат на титулите кои ги користел Домник: доместик, поранешен конзул (почесен конзул), и патрикиј. За време на своето служење во Африка, Домник најверојатно бил магистер милитум. Но очигкедно е дека во 540 година не имал никакви воени титули.[1] Таа година, царот Јустинијан I ги назначил Домник и Максимин како негови нови пратеници во дворецот Витигес (536–540) во Равена. Домник исто така испорачал писмо од царот Јустинијан до папата Вигилиј (537–555). Се вратил во Цариград, носејќи писма од Вигилиј до царот Јустинијан и Мина. Во писмата се разговарало за работи поврзани со верата. Домник го додал својот сопствен потпис на писмата „како начин на одобрување“.[1]

Писмата на Вигилиј се зачувани. Тие ги поддржуваат одлуките на Цариградскиот собор од 536 година. Донесените одлуки биле во согласност со правилата од Четвртиот вселенски собор (451) и спротивни на монофизитството. Одобрувањето на нивната содржина од страна на Домник укажува на фактот дека тој бил следбеник на халкидонското христијанство. Нема други идни спомнувања на Домник.[1]

Извори

уреди
  • Bury, John Bagnell (1958). History of the Later Roman Empire: From the Death of Theodosius I to the Death of Justinian, Volume 2. Mineola, New York: Dover Publications Incorporated. ISBN 0-486-20399-9.
  • Martindale, John Robert; Jones, Arnold Hugh Martin; Morris, J., уред. (1992). The Prosopography of the Later Roman Empire, Volume III: A.D. 527–641. Cambridge, United Kingdom: Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-20160-5.
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Martindale, Jones & Morris 1992, стр. 415–416.
  2. Martindale, Jones & Morris 1992, стр. 415.
  3. Bury 1958, стр. 144–145.