Византискиот сенат или Сенатот на Источото Римско Царство (грчки: Σύγκλητος, Synklētos, или Γερουσία, Gerousia) го поседува континуитетот на Римскиот сенат. Основан e во IV век од страна на Константин Велики.

Персонализација на Сенатот. Од конзуларен диптих на Теодор Филоксенус, 525 AD

Сенатот на источното Римско Царство изворно се состоел од римски сенатори, кои живееле на истокот на царството, или од оние што се преселиле во Цариград и од бирократи кои биле назначени во Сенатот. Константин Велики им нудел бесплатно земјиште на римските сенатори кои биле подготвени да се преселат на Исток. Кога Константин го основал сенатот во Византиум, тој првично наликувал на советите на поголемите градови како Антиохија, наместо на Римскиот сенат.[се бара извор] Неговиот син Констанциј II ја подигнал позицијата на Сенатот на ниво на царски сенат кој во Цариград ограничена моќ, исто како во и Сенатот во Рим. Констанциј II го зголемил бројот на сенаторите до 2000 вклучувајќи ги тука и неговите пријатели, дворјани и разни провинциски официјални лица.

Состав на Сенатот

уреди

Овластувања и функции

уреди

Конфронтации со царот

уреди

Опаѓање на моќта

уреди

Mоќта на Сенатот постепено се намалувала во текот на историјата, иако тој опстојувал сѐ до XIII век. Многу од неговите овластувања биле одземени во текот на правните реформи спроведени од страна на императорите Василиј I и Лав VI. Сенатот сѐ уште го задржал својот престиж, особено во XI век, кога по смртта на Василиј II неговата моќ дошла до полн израз. Со финалниот триумф на воена фракција со доаѓањето на престолот на Алексеј Комнин Сенатот почнал да го губи своето значење, а титулата сенатор можела да се купи од царот.

Последниот познат акт за кој се знае дека бил донесен од Сенатот бил изборот на Никола Канава како император наспроти Исак II Ангел и Алексиј IV Ангел, во текот на Четвртата крстоносна војна.[1] Во времето на династијата Палеолог титулата на сенаторот сѐ уште постоела, но во кризи од средината на XIV век оваа институција конечно изчезнала.

Местоположба на Сенатот

уреди

Во Цариград постоеле две градби каде заседавал Сенатот. Едната била изградена од изградена од страна на Константин Велики, а подоцна била реставрирана од Јустинијан и се наоѓал на источната страна на Аугустеум, во близина на Царскиот дворец. Другата се наоѓала на северната страна на Форумот на Константин. Започнувајќи од VI век Сенатот заседавал во Големата Палата од Цариград.

Литература

уреди
  1. Phillips, Jonathan. The Fourth Crusade and the Siege of Constantinople. 2004. pp. 222-226.