Домашен пријател од преријата

„Домашен пријател од преријата“ (англиски: A Prairie Home Companion) - американски филм од 2006 година, во режија на Роберт Алтман, по сценариото на Герисон Кејлор (Garrison Keillor). Главните улоги ги играат: Лили Томлин (Lilly Tomlin), Мерил Стрип (Meryl Streep), Вуди Харелсон (Woody Harrelson), Кевин Клајн (Kevin Kline), Сју Скот (Sue Scott), Линдзи Лохан (Lindsay Lohan), Томи Ли Џонс (Tommy Lee Jones) и Вирџинија Медсен (Virginia Madsen). Ова е последниот филм на Алтман, кој умрел неколку месеци по неговото снимање. Инаку, како и повеќето негови дела, филмот е снимен во омилениот жанр на режисерот (т.н. ensemble).[1]

Гарисон Кејлор на актуелната радио програма A Prairie Home Companion за време на турнеја во САД

Синопсис

уреди

Една популарна музичка емисија на радиото се соочува со големи проблеми, бидејќи новите сопственици на радио-станицата се закануваат дека ќе ја укинат емисијата, заедно со театарот каде што се снима таа. За време на последното емитирање на емисијата, меѓу учесниците ненадејно се појавуваат две непознати лица: една девојка која ги теши присутните и застапникот на сопственикот, кој доаѓа да провери дали навистина треба да се укине емоисијата. Иако е свесен дека таа е квалитетна, претставникот се уверува дека се работи за старомодна емисија, но девојката му сугерира поинаков заклучок...

Наводи

уреди