Долно Коњари (археолошки наоѓалишта)
список на археолошки наошалишта во с. Долно Коњари, Скопско
- Дервен — населба од неолитското време. На 2 кмзападно од селото, на левата страна на асфалтниот пат Скопје - Коњари, на блага падина, во нивата на ЗИК „Скопско Поле“, која зафаќа површина од 350 × 75 м, се среќава голем број фрагменти од керамички садови. Повеќето од нив се украсени во барботин и импресо-техника, а од облици има пехари на висока конусна нога, грниња, жртвеници, ситна антропоморфна пластика и др. Голем е бројот и на орудијата од кремен и камен.
- Долно Коњари — депо на средновековни монети. Во Музејот на Македонија во Скопје се чува депо од 2.400 бакарни скифати од XII-XIII век, пронајдени во околината на Долно Коњари.
- Ограѓе — населба од римското време. На 200 м западно од селото, на десниот брег на реката Пчиња, на површина од околу 0,5 хектара се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули, имбрекси и друг градежен материјал.
Литература
уреди- Археолошка карта на Република Македонија, Том 2, 1996, издание на МАНУ, Скопје, Македонија.