Долни Дуќани
Долни Дуќани (познато и како Мегдан) е маало во градот Велес. Се наоѓа веднаш на десниот брег на реката Вардар, во непосредна близина на реката Тополка со што претставува едно од најјужните маала на градот Велес. Низ маалото поминува патот кој води кон Градско и Кавадарци. Сместено е на подножјето на ридот Вршник под црквата Свети Пантелејмон. На средината на маалото се наоѓа малата ширинка - плоштад позната под името Мегдан. Во целост е населено само со Македонци. Тука се наоѓа познатата куќа на Касапови.