Дожд или светлост (филм)
„Дожд или светлост“ (англиски: Rain or Shine) — американски филм од 1930 година, во режија на Френк Капра. Главните улоги ги толкуваат: Џоан Пирс, Џо Кук, Вилијам Колиер Јуниор и Луиз Фазенда.
Синопсис
уредиПо смртта на татко ѝ, Мери Рејни (ја игра Пирс) го презема раководењето со циркусот (кој дава две претстави дневно, без оглед на сè), но се соочува со финансиски проблеми. За време на вечерата на Мери со семејството на нејзиниот сакан, Бад Конвеј (го игра Колиер), циркузантите измислуваат смешни гегови. Со текот на времето, онака како што се влошува состојбата, циркузантите започнуваат штрајк, а Мери се обидува да го спаси циркусот од оние кои се бунат...[1]
Наводи
уредиОваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |