Договор од Утрехт (1713)
Договор од Утрехт — низа мировни договори потпишани во текот на март и април 1713 година во холандскиот град Утрехт. Овие мировни договори се склучени помеѓу разни европски држави, и со нив е завршена Војната за шпанското наследство.
Договорите се склучени помеѓу претставници на Луј XIV од Франција и Филип V од Шпанија од една страна, и претставници на кралицата Ана, на Војводството Савоја и на Холандската Република од друга.
Договорот го потврдил поразот на амбициите на Франција за доминација во Европа, и го вовел европскиот систем заснован на рамнотежа на силите.[1]
Главни одредби
уредиГлавните одредби на договорот се:
- Филип V бил признаен за законит крал на Шпанија, со што е прифатен тестаментот на неговиот претходник, Карло II од Шпанија.
- Филип V писмено се откажал од какви било претензии кон францускиот престол, за себе и за своите наследници.
- Наследниците на Луј XIV исто така се откажале од претензии кон шпанскиот престол, за себе и за своите наследници.
- Европските поседи на Шпанија биле поделени: Савоја ја добила Сицилија и делови од Војводството Милано, светиот римски цар Карло VI ја добил шпанска Холандија, Кралството Неапол, Сардинија и поголемиот дел од Војводството Милано.
- Португалија добила признание на суверенитетот над териториите помеѓу реките Амазон и Ојапок во Бразил. Во 1715 португалците ја повратиле и колонијата Сакраменто во Уругвај.
- Британците ги добиле Гибралтар и островот Менорка во Средоземјето, како и монопол врз трговијата со робови.
- Во Северна Америка, Франција ѝ ги отстапила на Британија Рупертова Земја, Њуфаундленд и Акадија.
Биле потпишани и низа трговски договори кои требало да обезбедат слободна трговија помеѓу европските земји и колониите.
По потпишувањето на мировниот договор, Франција останала во војна со Светото Римско Царство до 1714, кога бил потпишан Договорот од Раштат. Шпанија и Португалија останале формално во војна до 1750, кога бил потпишан Договорот од Мадрид, додека Светото Римско Царство и Шпанија склучиле мировен договор во 1720. година. Биле склучени и низа трговски договори помеѓу страните.
Наводи
уреди- ↑ R.R. Palmer, A History of the Modern World 2nd ed. 1961, p. 234.
- "The Treaties of Utrecht (1713)" - Brief discussion and extracts of the various treaties on François Velde's Heraldica website, with particular focus on the renunciations and their later reconfirmations.
- Article X of the treaty between Great Britain and Spain - Concerning the cession of Gibraltar (text in English, Spanish, and the original Latin).