Договор од Париз (1856)

Парискиот мировен договор бил потпишан на 30 март 1856 година во Париз од страна на Русија од една страна и сојузниците предводени од Османлиското Царство, Франција, Велика Британија од друга страна. Договорот ставил крај на Кримската војна.

Договор од Париз
КонтекстКримска војна (1853–1856)
Потпишан30 март 1856 година
МестоПариз, Франција
Потписници

Со парискиот договор, влијанието на Дунав било пренесено на сите големи сили како целина. Исто така големите сили се обврзале дека ќе ја почитуваат независноста и територијалниот интегритет на Османлиското Царство и нема да се мешат во нејзината внатрешна политика. Црно Море станала неутрална територија и нејзините пристаништа биле затворени за воени бродови, а по неговите брегови пак било забрането изградба на тврдини или распоредување на воени сили. Се објавило и слободно движење по реката Дунав но под контрола на меѓународна комисија. Молдавија и Влашко останале под јурисдикција на Отоманското Царство., но им бил гарантиран независен устав.

Самиот Париски мировен договор бил срушен кога Франција била поразена од страна на Прусија. Русија тоа го искористила најмногу, Русија повторно ја формирала својата флота на Црно Море.