Договор од Лозана (1912)
За други договори, видете Договор од Лозана (појаснување).
Договорот од Лозана бил потпишан во 1912 година преку кој завршила Османлиско-италијанската војна.
Потпишан | 18 октомври 1912 |
---|---|
Место | Лозана, Швајцарија |
Потписници | Османлиско Царство Кралство Италија |
Според договорот, Османлиите морале да се повлечат од Либија а за возврат Италија ги вратила островите Родос и Додеканезите. Два од османлиските вилаети добиле регентство и кадија кој го претставувал калифот, но истите морале да бидат избрани во согласност со италијанската влада а нивните трошоци ќе бидат плаќани од Османлиите.