Доверски Проток

(Пренасочено од Доверски Теснец)

Доверски Проток (англиски: Strait of Dover) или Калеански Проток (француски: Pas de Calais) — проток на најтесниот дел од каланлот Ламанш помеѓу Англија и Франција. Нрајкраткото растојание се протега од јужниот карпест ’рт, 6 км североисточно од градот Довер во грофовијата Кент, Англија до ’ртот Гри Не близу градот Кале во департманот Па де Кале, Франција. Овој потег е најпопуларната патека за препливување на каналот, бидејќи тука растојанието изнесува само 34 км.[1]

Доверскиот Проток на карта
Поглед на англискиот брег од Франција

При ведри услови денски може да се забележи спротивниот брег и крајбрежните објекти, а навечер се гледаат светлата од населените места. Ваквата глетка е опеана во „Доверската плажа“ (1867) од Метју Арнолд.

Бродски сообраќај

уреди
 
Белите доверски карпи

Најголемиот дел од поморскиот сообраќај помеѓу Атлантскиот Океан и Северното и Балтичкото Море минува низ Доверскиот Проток, наместо по подолгиот и поопасен пат околу северот на Шкотска. Овој проток е најпрометниот морски пат во светот, со над 400 стопански пловила дневно. Британската крајбрежна стража деноноќно патролира по подрачјето и налага строг режим на траси.[2]

Покрај интензивниот сообраќај во правецот исток-запад, протокот редовно го преминуваат и траекти што го поврзуваат Довер со Кале и Булоњ. Во 1994 е отворен Евротунелот, кој ги поврзува Англија и Франција со железница на просечна длабочина од 45 м под морското дно.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. "English Channel". The Cambridge Paperback Encyclopedia, 1999.
  2. See Информативна служба за пловидба по каналот (CNIS) Архивирано на 17 октомври 2007 г. (англиски)

Надворешни врски

уреди

51°01′17″N 1°28′38″E / 51.02139° СГШ; 1.47722° ИГД / 51.02139; 1.47722