Добромирово евангелие

Добромирово евангелие - најстаро кирилско четвороевангелие, македонски ракопис од почетокот на Ⅻ век. Се чува во три различни библиотеки: во Руската национална библиотека – поранешна Публична библиотека (ГПБ) во Санкт Петербург (183 л.), сигн ЉнИ 55; два негови дела се наоѓаат во библиотеката на манастирот „Св. Катерина” на Синај (со библиотечни ознаки 43 (23 л.) и 7/Н (9 л.), каде што, всушност, до втората половина на ⅩⅠⅩ век се наоѓал целиот ракопис. Два листа се наоѓаат во Националната библиотека во Париз, сигн. 65. Тоа значи дека од Добромировото евангелие сега се пронајдени 217 пергаментни листови. Името го носи по забелешката што стои како п.с. на листот 121 на крајот од Евангелието по Лука дека ракописот го пишувал поп Добромир. Го довршил друг писар. Кирилските букви на Добромировото евангелие по својот општ впечаток потсетуваат на глаголицата. Според јазичните особености, тоа е пишувано во рамките на Охридската книжевна школа. Кодексот е особено значаен по тоа што претставува премин од канонските старословенски текстови во т.н. црковнословенски.[1]

Добромирово евангелие
Руска национална библиотека
Страница од ракописот
Година на изработкаПочеток на XII век
Материјалпергамент
Големина217 листови
Писмокирилица

Наводи

уреди
  1. Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 477. ISBN 978-608-203-023-4.