Добова (словенечки: Dobova) — населба во Општина Брежице во источна Словенија во близина на границата со Хрватска. Низ населбата минува железничката линија од Љубљана до Загреб, а станицата е меѓународен железнички граничен премин. Областа е дел од историскиот регион Штаерска. Населбата сега е вклучена во Посавскиот статистички регион.

Добова
Dobova
Поглед на Добова
Добова is located in Slovenia
Добова
Добова
Местоположба во Словенија.
Координати: 45°53′59.1″N 15°39′26.1″E / 45.899750° СГШ; 15.657250° ИГД / 45.899750; 15.657250
Држава Словенија
Традиционален регионШтаерска
Статистички регионПосавски
ОпштинаБрежице
Површина
 • Вкупна2,54 км2 (0,98 ми2)
Надм. вис.&10000000000000143800000143,8 м
Население (2020)
 • Вкупно703
 • Густина280/км2 (720/ми2)
Час. појасUTC+1
Пошт. бр.8257

Црква

уреди

Локалната парохиска црква е посветена на Светото име на Марија и припаѓа на Римокатоличката епархија Целје. Станува збор за неороманска градба со троен кораб, изградена на местото на две постари цркви во 1865 година.