„Доаѓа Валдес“ (англиски: Valdez is coming) — американски вестерн-филм од 1971 година, режиран од Едвин Шерин (Edwin Sherin) по сценариото на Роланд Киби (Roland Kibbee) и Дејвид Рејфил (David Rayfiel). Филмот е снимен врз основа на истоимениот роман на Елмор Леонард од 1970 година. Главните улоги ги играат: Берт Ланкастер (Burt Lancaster), Сузан Кларк (Susan Clark), Ричард Џордан (Richard Jordan) и Џон Сајфер (Jon Cypher).[1]

Синопсис

уреди

Ранчерот Френк Танер со измама го наведува месниот шериф Боб Валдес да убие невин човек. По убиството, Валдес се кае и собира доброволни прилози за вдовицата на убиениот. Меѓутоа, Танер го казнува Валдес така што го прогонува во пустината, врзувајќи му крст на грбот. Сепак, еден од луѓето на Танер го ослободува и Валдес, откако закрепнува, започнува војна против Танер, убивајќи ги неговите луѓе еден по еден со својата прецизна пушка.

Наводи

уреди