Днестарски Кањон (украински: Дністровський каньйон) — кањон на реката Днестар кој се наоѓа во долината на истоимената река во Украина. На 3 февруари 2010 година, регионалниот парк на природата „Кањон Днестар“ бил промовиран во Национален парк на природата.

Днестарски кањон
Дністровський каньйон
Днестарски кањон во Западна Украина
Географија
МестоположбаТернополска област, Украина

Топографија

уреди
 
Днестарскиот кањон близу до устието на реката Стрипа.
 
Днестарскиот кањон во близина на селото Пилипче, Тернополска област, во западна Украина.

Реката Днестар е втора по големина и еколошки незагадена река во Украина. Кањонот е дел од реката Днестар, со должина од 250 километри и се протега од устието на реката Золота Липа до устието на реката Збрух. Тука Днестар влегува во кањон чија длабочина варира од 80 до 200 метри. Во кањонот се сливаат и водите на тамошните водени резервоари. Длабочината во најдлабоките места изнесува околу 50 метри.

Падините на кањонот се стрмни и составени од варовник. Тој бил избран за еден од Седумте природни чуда на Украина (украински: Сім природніх чудес України).

Во кањонот има повеќе од десетина карстни пештери и гротла. Малите водопади, наречени „момини солзи“ се сливаат преку карпи покриени со дебел слој на мововидни растенија.

Пејзаж

уреди

Највредниот и најживописниот дел од целиот тек на реката Днестар е 250-километарскиот долг кањон кој се протега меѓу устијата на двете реки Золота Липа и Збрух. Природата на кањонот е специфична и оригинална. Рабовите на кањонот ги прават или карпести или пошумени падини, кои на места се високи и до 200 метри. На места има уникатни травертински карпи, геолошки ексфолијации, пештери и гротла, каде има и знаци за населување на праисториски луѓе. Низ кањонот се среќаваат прекрасни водопади, живописни острови и споменици на природата. Најубава е дивата и девствена природа втурната во светот на тишината и смиреноста.

Делови од кањонот

уреди

Во рамките на кањонот има делови кои се кањон во кањон. Таков дел е Днестерско-Беремјански кањон, кој се наоѓа меѓу селата Хубин-Беремјани-Хмелева. Неговата длабочина изнесува 200 метри, а ширината од 1–5 километри, и должина од 10 километри.

Заштита

уреди

Националниот парк на природата Днестарски Кањон бил основан со претседателската уредба 2010 и уредбата на Министерството за животна средина и природни ресурси на 12 декември 2011 година.[1]

Туризам

уреди

Днестарскиот Кањон привлекува илјадници туристи секоја година.

Сплаварењето по реката Днестар е едно од најинтересните патувања низ Украина. Селата Исакив и Одаив, кои се наоѓаат во кањонот привлекуваат падобранци од Украина, Белорусија, Русија, Полска и Германија. Двапати годишно се одржуваат натпревари во падобранство за натпреварувачи од Украина, како и за меѓународни натпревари.

Наводи

уреди
  1. „dnisterkanyon.org.ua“. dnisterkanyon.org.ua. Посетено на 2019-04-05.

Надворешни врски

уреди