Дијадема од Кутлеш

погребна дијадема на жена од македонското кралско семејство најдена во гробницата на Филип II Македонски во Кутлеш, Берско, Егејска Македон

Дијадема од Кутлеш (грчки: Το διάδημα από τον Βασιλικό Τάφο στην Βεργίνα) — древномакедонски погребен предмет од античкиот град Ајга кај денешното село Кутлеш, Берско, Егејска Македонија. Направена е од позлатено сребро и претставува кралска дијадема. Се вбројува меѓу најскапоцените наоди пронајдени при ископувањето на Македонските кралски гробници. Датира од IV век п.н.е. и пронајдена е во гробницата на кралот Филип II Македонски.[1][2]

Дијадема од Кутлеш
Дијадемата од Кутлеш
Видпогребна дијадема
Материјалпозлатено сребро
СимболиХераклев јазол
СоздаденIV век п.н.е.
Период/култураМакедонско Кралство
Откриен1977
Македонски кралски гробници, Ајга
(Кутлеш, Берско, Егејска Македонија)
40°29′14″N 22°18′56″E / 40.4872° СГШ; 22.3155° ИГД / 40.4872; 22.3155
Сегашна локацијаМузеј на Македонските кралски гробници, Кутлеш
КултураМакедонија

Според некои верзии, дијадемата ѝ припаѓа на Евридика II Македонска,[3] за која се смета дека е погребана во семејната гробница на Филип II. Според други стручњаци, погребните останки ѝ припаѓаат на Клеопатра, една од сопругите на Филип.[4]

Дијадемата е направена од сребро и покриена со златен слој. Најзабележителниот дел е средишниот Хераклев јазол поставен напред, кој имитира платнена лента за глава. Според некои толкувања јазолот како симбол се повикува на врската на македонската кралица со Херакле како митски предок на Аргеадите и нејзината врска со „новиот Херакле“ — Александар III Македонски.[3] Од двете страни на јазолот металот е изработен за да имитира ткаенина. Иако оштетена од забот на времето, добар дел од позлатата е зачувана. Дијадемата има пречник од 25 см, но направена е за да може да се прилагодува од двата краја.

Наодите од гробниците првично стоеле во Археолошкиот музеј во Солун, но во 1997 г. се преместени во Музејот на Македонските кралски гробници во Кутлеш, каде денес се наоѓа дијадемата.[2]

Наводи

уреди
  1. „Καθ' οδόν: Στη Βεργίνα“. Ριζοσπάστης. 16 февруари 2003. Посетено на 28 април 2020.
  2. 2,0 2,1 „Diadem of Philip II“ (PDF). Greece.org. Посетено на 28 април 2020.
  3. 3,0 3,1 Castor, Alexis Q (2017). „Macedonian lionesses: Herakles and lion jewelry in elite female dress (c. 325–275 BCE)“. Journal of Greek Archaeology. Oxford: Archaeopress. 2: 235.
  4. Marín, Antonio Ignacio Molina (2007). „La tumba de Vergina: ¿Filipo II o Filipo III?“ (PDF). Panta Rei (шпански). II (2ª época): 80–81. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04.