Дисеминирана интраваскуларна коагулација

Дисеминирана интраваскуларна коагулација е состојба при која се формираат тромбови низ организмот, блокирајќи ги малите крвни садови.[1] Симптомите вклучуваат градна болка, тешко дишење, болка во нозете, проблеми во говорот, или проблеми со движење на делови од телото.[1] Бидејќи настанува истрошување на факторите на коагулација и тромбоцитите, може да настане и крварење.[1] Тоа може да се манифестира како крв во урината, во столицата, или во кожата.[1] Компликациите може да вклучуваат откажување на органите.[2]

Дисеминирана интраваскуларна коагулација
СинонимиДисеминирана интраваскуларна коагулопатија[1]
Микрографија на која може да се забележи тромботична микроангиопатија предизвикана од ДИК кај биопсија на бубрег.
СпецијалностХематологија
СимптомиГрадна бола, отежнато дишење, болка во нозете, проблеми во говорот, проблеми со движење на делови од телото, крварење[1]
КомпликацииОткажување на органите[2]
ВидовиАкутна, хронична[1]
ПричинителиСепса, хируршка интервенција, голема траума, канцер, компликации во бременоста, каснувања од змија, смрзнатини, изгореници[1]
Дијагностички методКрвна анализа[2]
Диференцијална дијагнозаТромботичка тромбоцитопенична пурпура, хемолитички уремиски синдром[1]
ЛекувањеНасочен кон причинителот[3]
ЛековиТромбоцити, криопреципитат, свежо замрзната плазма, хепарин[2]
Прогноза20–50% ризик од смрт[4]
Честота1% од луѓето примени во болница[4]

Чести причинители се сепса, хируршка интервенција, голема траума, канцер, и компликации во бременоста.[1] Поретки причинители вклучуваат каснувања од змија, смрзнатини и изгореници.[1] Постојат два главни типа: акутна и хронична.[1] Дијагнозата обично се заснова на крните тестови.[2] Наодите може да вклучуваат ниска концентрација на тромбоцити, фибриноген, висок INR, или високи D-димери.[2]

Третманот е насочен кон причинителот.[2][3] Други мерки вклучуваат давање на тромбоцити, криопреципитат или свежо замрзната плазма.[2] Сепак, доказите кои ги поддржуваат овие третмани се слаби.[2] Хепаринот може да биде корисен кај хроничната форма.[2] Околу 1% од луѓето примени во болница ја развиваат оваа состојба.[4] Кај оние со сепса процентот е помеѓу 20% и 50%.[4] Ризикот од смрт варира од 20% до 50%.[4]

Наводи

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 „Disseminated Intravascular Coagulation | NHLBI, NIH“ (англиски). www.nhlbi.nih.gov. Посетено на 20 December 2017.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 „Disseminated Intravascular Coagulation (DIC) - Hematology and Oncology“. Merck Manuals Professional Edition (англиски). September 2016. Посетено на 20 December 2017.
  3. 3,0 3,1 Levi, M (2007). „Disseminated Intravascular Coagulation“. Critical Care Medicine. 35 (9): 2191–2195. doi:10.1097/01.CCM.0000281468.94108.4B. PMID 17855836. S2CID 7158989.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Gando, Satoshi; Levi, Marcel; Toh, Cheng-Hock (2 June 2016). „Disseminated intravascular coagulation“. Nature Reviews Disease Primers. 2: 16037. doi:10.1038/nrdp.2016.37. PMID 27250996. S2CID 4059451.