Дино Михолов

македонски фудбалер

Дино Михолов (роден на 29 јануари 2005 година) ― македонски фудбалски напаѓач.

Дино Михолов
Дино Михолов како играч на Брегалница 2008
Лични податоци
Роден на 29 јануари 2005(2005-01-29)(19 г.)
Роден во Штип, Македонија
Висина 1.88 м[1]
Позиција Напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Брегалница 2008
Младинска кариера
-2020 Мал Ајакс
2020-2022 Брегалница 2008
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2022- Брегалница 2008
Репрезентација
Македонија под 16 години
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Клупска кариера уреди

Неговите први фудбалски денови ги минал во школата на Мал Ајакс, каде што прв учител му бил Влатко Манев.[2][3] Во 2020 година се приклучил во младинските категории на Брегалница 2008. Во сезоната 2021/22, Михолов постигнал 12 голови во младинската Супер лига на Македонија во дресот на Брегалница 2008.[3]

Во сезоната 2022/23, Михолов заиграл за сениорскиот состав на Брегалница 2008 која во моментот играла во Првата лига. Неговото деби било на 12 март 2023 година.[4]

Репрезентативна карира уреди

Михолов бил вклучен во младинските репрезентации на Македонија.[3] Во 2021 година, Дино Михолов бил во кампот за репрезентацијата до 16 години.[2]

Наводи уреди

  1. „18 Дино Михолов“. Брегалница 2008. Архивирано од изворникот 2023-03-23. Посетено на 9 август 2023.
  2. 2,0 2,1 Киро Манев (28 јули 2022). „ДИНО МИХОЈЛОВ НОВА НАДЕЖ НА ШТИПСКИОТ ФУДБАЛ- САМО СО РАБОТА ЌЕ ГО ДОГРАДУВА СВОЈОТ ТАЛЕНТ!“. stipskiasovi.mk. Архивирано од изворникот 2023-08-09. Посетено на 9 август 2023.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Дино Михолов: Брегалница и мак-фудбалот имаат нов голем талент!“. sportsport.mk. 27 август 2022. Посетено на 9 август 2023.[мртва врска]
  4. „Големиот талент Дино Михолов вчера дебитираше за Брегалница во ПМФЛ!“. sportsport.mk. 13 март 2023. Посетено на 9 август 2023.[мртва врска]

Надворешни врски уреди