Дина Џанковиќ (Нови Пазар, 27 октомври 1986) ― српска манекенка од бошњачка народност, која на 18 декември 2005 година ја освоила титулата Мис на Србија и Црна Гора. Таа е последната личност што ја добила титулата поради распадот на поранешната државна заедница Србија и Црна Гора во 2006 година. Џанковиќ е архитект,[1] но работела како модел и моден дизајнер.[2]

Дина Џанковиќ
Роден(а)Дина Џанковиќ
27 октомври 1986(1986-10-27)(38 г.)
Нови Пазар, СР Србија, СФРЈ
Занимањемодел, внатрешен архитект, моден дизајнер
Познат(а) поМис Србија и Црна Гора 2005
СопружникМирсад Туркџан (в. 2005; раз. 2012)
Деца3

Таа била во брак со Мирсад Туркџан (Јаховиќ), првиот турски кошаркар кој играл во НБА, и заедно имаат три деца; две девојчиња, Наба и Карија, и едно момче, Нусрет, кое го добило името по неговиот дедо.[3] Тие се развеле во 2012 година. Поранешна снаа е на Емина Јаховиќ, сестрата на Мирсад.

Наводи

уреди
  1. Dina Džanković, Interior Designer
  2. „Dina's First Fashion Show“. Архивирано од изворникот на 4 март 2016. Посетено на 11 јануари 2024.
  3. Mirsad Türkcan 3. kez baba oldu