Динара Алимбекова
Динара Алимбекова (родена на 5 јануари 1996 година) — белоруска биатлонка.
Алимбекова на Зимските олимписки игри во 2018 година | ||||||||||
Лични податоци | ||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Националност | Белорусинка | |||||||||
Роден(а) | 5 јануари 1996 Абај, Казахстан | |||||||||
Спорт | ||||||||||
Спорт | Биатлон | |||||||||
Освоени медали
|
Таа е родена во казахстанскиот град Абај, од татко Казахстанец и од мајка Белорусинка. Таа се преселила во Белорусија кога имала три години. Со спорт започнала да се занимава во градот Чавуси.
Алимбекова учествувала на Светското јуниорско првенство во 2015, 2016 и 2017 година. Златото во штафета и четвртото место во спринт го освоила во 2015 година.
Дебитирала на Светското првенство во 2016 година.
На Зимските олимписки игри во 2018 година во Пјонгчанг[1] освоила златен медал во женската штафета. Во спринт го освоила 50 место, а во поединечната трка на 15 км 73 место[2].
Наводи
уреди- ↑ „Athlete Profile: Dzinara ALIMBEKAVA - Pyeongchang 2018 Olympic Winter Games“. www.pyeongchang2018.com. Архивирано од изворникот на 2018-02-28. Посетено на 2018-02-24.
- ↑ „Динара Алимбекова, ЗОИ 2018“. Архивирано од изворникот на 2018-02-28. Посетено на 2018-02-24.