Димко Сарванов

(Пренасочено од Димче Сарванов)

Димко Сарванов меѓу народот попознат како Димче Могилче, Димко Могилчетo[1] или Димче Могилчето (некаде познат и како Димче; 1879, МогилаНошпал, 4 јануари 1908) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација. Погребен бил на битолските гробишта Света Недела, а во октомври 2013 година неговите мошти се пренесени во црквата Св. Архангел Михаил во селото Могила.[2]

Димко Сарванов
Роден 1879
Могила, Македонија
Починал 4 јануари 1908
Ношпал, Македонија

Живот

уреди
 
Споменикот на Димче Сарванов - Могилче во Могила

Роден е во 1879 година во селото Могила (Битолско), од каде го добива и својот прекар Могилчето со кој ќе стане познат и популарен помеѓу народот. По завршувањето на основното училиште Димко Сарванов, станува член на ВМОРО и активно се вклучува во борбата за ослободување на Македонија и македонскиот народ од неподносливата положба во Отоманското Царство. Набрзо влегува во четата на Ѓорѓи Сугарев со која дејствува во битолскиот крај и Мариово. За време на Илинденското востание дејствува во реоните на Пелистер и Преспа. Во 1904 година станува војвода на самостојна чета. На 4 јануари 1908 година, со својата чета паѓа во заседа на турскиот аскер во селото Ношпал (Битолско), каде што се самоубива за да не падне жив во рацете на турскиот аскер.[3][4] По потекло Димко бил од селото Ношпал, Битолско.

Народно творештво

уреди

Особено се истакнува по својата храброст и јунаштво во борбата со турските даночници - арачлии како Селим и Шефкија, поради што Димче Могилче станува омилен херој на народот опеан во повеќе народни песни со комитска тематика од битолскиот крај. Меѓу народните песни за Димче Могилче од кои има повеќе разни верзии најпозната е песната Абер ми иди од Могила.

Абер ми иди од Могила

уреди

Абер ми иди од Могила е македонска народна песна во која се пее за подвигот на Димче Могилче по убиството на турскиот арачлија Шефкија, за што дознал и битолскиот валија Селим ефенди, кој се решил да се пресмета со Димче Могилче и комитите од Могила. Постојат неколку различни верзии на песната, чија разлика се состои единствено во некој од зборовите.

Абер ми иди од Могила,
низ поле Пелагониско,
право ми оди Битола
Битола кај валијата. x2
Валијо бре Селим-ефенди x2
Могила е полна кумити
таму е Димче Могилче. x2
Налутил се Селим-ефенди, x2
спрегнал си коња дорија
одбрал си аскер најсилен
утре ќе оди Могила
одбрал си аскер најсилен
низ прстен јајце да протни.
Излези бре Димче Могилче х2
жената ќе ти ја украдам
далеку ќе ја однесам x2
во сарај ќе ја потурчам.
Ај од тука Селим-ефенди
ај од тука куче касапско,
кожата ќе ти ја одерам
на плевна ќе ја обесам. x2

Извори

уреди
  1. Псевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 87
  2. „Пренесени моштите на Димче Могилчето во Могила“. Јутјуб. Посетено на 14 јули 2022.
  3. Революционната дейность въ Демирхисаръ (битолско) по спомени на Алексо Стефановъ (Демирхисарски войвода). Съобщава Боянъ Мирчевъ (Издава „Македонскиятъ Наученъ Институтъ”, София. — Печатница П. Глушковъ. — 1931) Материали за историята на македонското освободително движение, книга XI, стр. 88-91.
  4. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 49.

Надворешни врски

уреди