Димитриос Мисирлис

Димитриос Мисирлис (грчки: Δημήτριος Μ. Μισυρλής) е грчки научник, деец на грчката воружена пропаганда и учесник во Борбата за Македонија.

Димитриос Мисирлис
Роден 1884
Сер, денес Грција
Починал 1952

ЖивотописУреди

Димитриос Мисирлис е роден 1884 година во Сер, тогаш во Османлиското Царство. Во 1901 година во Сер завршил гимназија по што се запишал на Филозофскиот факултет при Атинскиот универзитет. Пред запишувањето во универзитет работел како учител во учебната 1902 - 1904 година, во Валовишта, денес Сидирокастро, Грција.

Уште како студент зел учество во грчката воружена пропаганда во Македонија. По завршувањето на универзитетот работел како директор на грчките гимназии во Сер и Воден.

Негова биста е изработена од страна на Д. Фалиреас со средстава на грчкото министерство за образование, демата Сер, ВОден и проектот Орфеј, а таа била поставена на централниот плоштатдот во Сер, 1950 година [1].

Умрел во 1950 година, а во Сер по него е именувана една улица [2].

ТрудовиУреди

Превел голем број на книги од германски и француски јазик, а автор е на маногу трудови од историска тематика. Некој од попознатите негови трудови се:

  • Ή συμβολή της Μακεδονίας εις τον υπέρ τής ελευθερίας των Ελλήνων ιερόν αγώνα του 1821 („Придонесот на Македонија кон Грчкото востание од 1821“)
  • Εξέλιξις του εθνολογικού και γλωσσικού προβλήματος Μακεδονίας 1937 („Развој на етнографското и јазично македонско прашање“)
  • Εντυπώσεις εκ περιηγήσεως ανά τας μονάς Αγίου Όρους („Впечаток од едно патување низ Света Гора“)

ИзвориУреди

  1. Δημήτριος Μ. Μισυρλής
  2. Επιτροπής Ονοματοθεσίας Οδών και Πλατειών