Димитар Митевски
Димитар Ристов Митевски ( 1895 во Штип — 30 август 1945 во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиЗавршил основно училиште, а потоа изучил занает. Се доселил во Скопје и работел како бравар. Во Народноослободителната војска стапил во 1944 година. Се борел во составот на Првата автобригада. Со единицата учествувал во завршните операции за ослободување на Македонија. Како стручњак настојувал најсовесно да ги изврши доверените задачи. Од воените напори се разболел ѝ по завршувањето на војната починал на 30 август 1945 година.[1]