Дилевска Гора
Дилевска Гора (германски: Kernsdorfer Höhe) е рид сместен во североисточна Полска, јужно од градот Острода, во Вармиско-мазуриското војводство. Со надморска височина од 312 метри, таа е една од највисоките точки на северна и централна Полска. Дилевска Гора е мораински рид, а неговите источни и северни падини се покриени со букова шума. На врвот има ТВ кула, како и кула за набљудување, висока 37 метри. Таа овозможува поглед на област до педесетина километри далечина.