Деспот С. Баџовиќ (српски: Деспот С. Баџовић) (1850 — 30 ноември 1930) бил општественик, книжевник и револуционер.

Деспот Баџовиќ
Деспот Баџовиќ како мајор на Крф, 1916 година
Роден/а1850
Крушево, Битолски Вилает, Османлиска империја
Починат/а30 ноември 1932 (на 81–82 г.)
Владичин Хан, Вардарска бановина, Кралство Југославија
Занимањеучител
Јазикмакедонски
Државјанство
Образованиетеологија
True speech of the Serbo - Macedonians, 1885.

Биографија

уреди

Деспот Баџовиќ и неговиот брат Ѓорѓи завршиле II одделение на Богословијата во Белград основана на Милош Милоевиќ. Во 1871 Баџовиќ отворил училиште во Крушево за околу 60 ученици каде тој и неговиот брат биле учители.[1][2]

Во 1873 година станал учител во Битолската патријаршиска школа, а во 1874 година порадо неразбирање на српскиот јазик од страна македонските деца, се пројавил како учебникар. Напишал и објавил Буквар за српско-македонско основно училиште. Имено тој е потписник на букварот за македонските училишта „Букварот за основните македонски училишта во Турското Царство“, кој бил напишан на дијалект на македонскиот јазик.

Ѓорѓи станал учител во Смилево во 1875, а Деспот во 1876 заминал во Србија. Нивниот брат Кузман и неговата жена, Јелена Баџовиќ, ги замениле како учители.[3][4]

За време на Втората српско-турска војна (1877-1878), заедно со Тодор Станковиќ, Милош Милојевиќ, архимандритот Сава Дечанец, Аксентије Хаџиарсич, Кост Шуменковиќ и Глигориј Чемерикиќ го формира Нишкиот комитет, револуционерно здружение и револуционерно друштво. кое имало за цел ослободување на југоисточна Србија.

Значајни дела

уреди
  • Којој словенској грани припадају Словени у горњој Албанији и у Македонији. Stampano u Deržavnoj štampariji. 1878.
  • Искрена реч Србо-Македонцима. Belgrade: Трговачка Штампарија. 1885.
  • Predlog za sporazum između Srba, Grka i Bugara o savezu balkanskih naroda. Štamp. Ane M. Draškocija. 1893.
  • Македонско Питање, Предлог за споразум« измсђу Срба, Грка и Бугара о Савезу балканских народа - В. Градиште, шт. Штампарија Ане М. Драшхоција, 1893

Наводи

уреди
  1. Zbornik Matice srpske za istoriju. Матица. 1992. стр. 55. Посетено на 22 May 2013.
  2. Godišnjica Nikole Čupića. 1914. стр. 315. Посетено на 22 May 2013. Сам Деспот С. Баџовић пише у једном београдском листу, 16/VII 1904 године, да је с великим сметњама отворио српску школу у Крушеву 1873 године. Он вели: „Ни претње бугарског владике Натанаила; ни интриге...
  3. Jugoslovenski istorijski časopis. Savez društava istoričara Jugoslavije. 1976. стр. 160. Посетено на 23 May 2013. учителот Деспот Баџовиќ, брат на Кузмана
  4. Godišnjica Nikole Čupića. 1914. стр. 315. Посетено на 22 May 2013. Деспот и Ђока Баџовићи. Учитељевали су заједно до 1875 год., кад је Ђока отишао у Смиљево. 1876 год. Деспот Баџовић отишао је у Србију. 1876 учитељевала је Јемена Баџовићка, а 1877 радила је заједно са својим мужем