Ден на независноста (САД)
Ден на независноста (англиски: Independence Day, разговорно Четврти јули, Fourth of July) — федерален празник во Соединетите Американски Држави (САД) во чест на Декларацијата за независност, ратификувана од Вториот континентален конгрес на 4 јули 1776 година, со што се основани Соединетите Американски Држави.
Делегатите на Вториот континентален конгрес прогласиле дека Тринаесетте колонии повеќе не се потчинети на монархот на Британија, кралот Џорџ III, и дека сега се обединети, слободни и независни држави.[1] Конгресот гласал да ја одобри независноста со усвојување на Лиовата резолуција на 2 јули и ја усвоил Декларацијата за независност два дена подоцна, на 4 јули.
Денот на независноста најчесто се поврзува со огномети, паради, скари, карневали, саеми, излети, концерти, бејзбол игри, семејни собири, политички говори и церемонии, како и разни други јавни и приватни настани кои ја слават историјата, владата и традициите на Соединетите Американски Држави. Денот на независноста е национален празник на САД.[2][3][4]
Наводи
уреди- ↑ „What is Independence Day in USA?“. Tech Notes. July 2, 2015. Архивирано од изворникот на June 22, 2019. Посетено на July 2, 2015.
- ↑ „National Days of Countries“. Ministry of Foreign Affairs and Trade. New Zealand. Архивирано од изворникот September 4, 2011. Посетено на June 28, 2009.
- ↑ Central Intelligence Agency. „National Holiday“. The World Factbook. Архивирано од изворникот May 13, 2009. Посетено на June 28, 2009.
- ↑ „National Holiday of Member States“. United Nations. Архивирано од изворникот July 2, 2012. Посетено на June 28, 2009.