Ден на Киев
Ден на Киев (украински: День Києва) ― празник во украинскиот главен град Киев кој обично е славен во последната седмица од мај.[1]
Ден на Киев (День Києва) | |
---|---|
Го празнува(ат) | Киевците |
Почнува | Последната седмица на мај |
Воспоставен е Денот на Киев слично како и другите празници кои се славени во многу градови и населени места низ Украина.[1] Прославите обично траат два дена и се одржувни во текот на последниот викенд од мај; глумци и музичари настапуваат на улиците на овој ден.[1][2] Жителите на градот и туристите од предградијата патуваат во градот за да видат претстави и огномет што е одржуван навечер (околу 22:00 часот по источноевропско време).[1][3] Првата прослава на Денот на Киев била одржана во мај 1982 година, што ја одбележа прославата на 1500-годишнината на Киев.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Ukrainian Holidays“. Kiev.inf. Посетено на 11 март 2023.
- ↑ „The Day of Kyiv“. destinations.com.ua (руски). Архивирано од изворникот на 2022-02-27. Посетено на 11 март 2023.
- ↑ „Kiev Day in Ukraine“. www.timeanddate.com (англиски). Посетено на 2020-06-23.
Надворешни врски
уреди- „Службена мрежна страница на Денот на Киев 2006“. Службен портал на Општина Киев. Архивирано од изворникот на 2009-05-19. Посетено на 11 март 2023.