Ден Роудс (англиски: Dan Rhodes) (1972, Кент, Велика Британија) е британски писател, кој пишува раскази и романи.

Животопис уреди

Роудс е роден во 1972 година, во Кент, Велика Британија.

Творештво уреди

Роудс ги објавил збирките раскази “Антропологија и сто други раскази” и “Не ми ја кажувај вистината за љубовта”, како и романот “Тимолеон Виета, врати се дома”. Неговата збирка е објавена на македонски јазик во 2005 година, од издавачката куќа “Темплум”, а во превод на Владимир Јанковски.[1]

Наводи уреди

  1. ”Белешка за авторот”, во: Ден Роудс, Антропологија и сто други раскази, Темплум, Скопје, 2005, стр. 110.