Денот кога земјата стоеше мирно (филм од 2008)

Денот кога земјата стоеше мирно (англиски: The Day the Earth Stood Still) е американски Научна фантастикафилм на Скот Дериксон од 2008 год. Филмот е римејк (повторно создавање) на истоимениот класичен научно-фантастичен филм од 1951 год. Филмот ја доживеа својата американска и светска премиера на 12 декември 2008 год. Многумина филмски критичари, филмот го оценија како бледа копија на оригиналот, но со подобро визуелни ефекти.

„Денот кога земјата стоеше мирно
(The Day the Earth Stood Still)“
The Day the Earth Stood Still.jpg
Официјален постер
РежисерСкот Дериксон
ПродуцентЕрвин Стоф
Пол Харис Бордман
СценаристДејвид Скарпа
Главни улогиКиану Ривс
Џенифер Конели
Џеден Смит
Џон Клис
Кејти Бетс
ЖанрНаучна фантастика
Дистрибутер20th Century Fox
Премиера12 декември 2008
Времетраење103 мин.
Држава САД
Јазиканглиски
Буџет$80.000.000
Бруто заработка$202.899.000

СинопсисУреди

Филмот е римејк на класикот снимен во 1951 година. Киану Ривс го портреира Клаату, вонезмјанинот што ќе дојде на земјата за да изврши една задача. Владите и научниците од сите земји во светот ќе се обиденат за да ја решат мистеријата во врска со појавувањето на необичниот посетител. Наскоро дознаваат дека тој е дојден да го одржи мирот во Галаксијата и ако некој провоцира ќе биде уништен. Со Клаату на земјата е дојден и суперроботот Горт, кој има задача да ја исполни таа цел. Во меѓувреме Клаату ќе биде гонет од полицијата и војската, а пред да го убијат ќе успее на своите пријатели Хелен и синот Џејкоб, да им ја каже реченицата “Klaatu barada nikto” и им вели дека мора да го најдат Горд за да му ја кажат, ако сакаат да го спречат во намерата да ја активира пеколната машина. Горт ги заробува нив, а успева да дојде и до телото на Клаату, кој со помош на вонземската наука го спасува.

Глумечка екипаУреди

Глумци Ликови
Киану Ривс Клаату
Џенифер Конели Хелен Бенсон
Џеден Смит Џејкоб Бенсон
Џон Клис Професор Карл Барнхардт
Џон Хам Д-р Мајкл Грениер
Кети Бетс Рехина Џексон

Надворешни врскиУреди