Декалог 3
„Декалог 1“ (полски: Dekalog, trzy) — полски телевизиски филм од 1988 година, во режија на Кшиштоф Кишловски (Krzysztof Kieślowski), кој е и автор на сценариото, заедно со Кшиштоф Пјесјевич (Krzysztof Piesiewicz). Филмот е третиот дел од низата составена од десет едночасовни филмови на Кишловски, инспирирани од десетте божји заповеди. Главните улоги ги играат: Даниел Олбрихски (Daniel Olbrychski), Марија Пакулнис (Maria Pakulnis), Јоана Шчеповска (Joanna Szczepowska), Артур Барциш (Artur Barciś) и Кристина Дрохоцка (Krystyna Drochocka).[1]
Содржина
уредиНа Бадник, Ева (ја игра Пакулнис) му се јавува на Јануш (го игра Олбрихски), соопштувајќи му дека исчезнал нејзиниот сопруг. Тие одат во болницата, во полицијата и на главната железничка станица, но не го наоѓаат. Така доаѓа зората и дури тогаш Ева признава дека ја измислила приказната и дека нејзиниот сопруг веќе три години живее во друг град. Всушност, нејзната измама имала за цел да ја мине ноќта со Јануш со кого во минатото имала љубовна врска. Кога Јануш се враќа дома, неговата сопруга веќе знае со кого ја минал ноќта, но тој ветува дека повеќе нема да се гледа со Ева.