Девендра Банхарт

(Пренасочено од Девендра Бенарт)

Девендра Банхарт (роден на 30 мај 1981 во Хјустон, Тексас, САД) е фолк рок пејач-текстописец и музичар. Банхартовата музика се класифицира како инди фолк, психо фолк[1], натурализмо или како New Weird America; текстовите му се често надреални.

Девендра Банхарт
Девендра Банхарт во 2005
Девендра Банхарт во 2005
Основни податоци
Родено имеДевендра Банхарт
Роден(а)30 мај 1981
САД Хјустон, Тексас, САД
ПотеклоСан Франциско, Калифорнија, САД
Жанр(ови)Њу-Фолк
New Weird America
Инди Фолк
Психо фолк
Фрик фолк
Натурализмо
ИнструментиВокал
Гитара
Години на активност2002 - сегашност
Продукциска куќа/ќиhinah
Young God Records
XL Recordings

Банхарт пораснува во Венецуела. Со популарност се здобива додека живее во Сан Франциско откако го посетува тамошниот Институт за Уметност. Неговата популарност се зголемува кога почнува да снима за Young God Records, во Њујорк Сити. Моментално живее во Лос Анџелес.

Кариера

уреди

Банхарт е 'откриен' од Мајкл Гира, кој и го издава неговиот албум Oh Me Oh My.... Во 2005 година, Банхарт (заедно со Енди Кебик и Revolver USA) ја создава музичката продукциска куќа Gnomonsong.

Банхартовата песна "There's Always Something Happening" се појавува на компилацискиот албум составен за доброотворни цели од Натали Портман на iTunes.

Во 2008 година Збирка уметнички дела на Банхарт е изложена заедно со слики на познатиот швајцарски сликар Пол Кле во Музејот за модерна уметност на Сан Франциско. Изложбата е насловена "Апстрактни ритми".

Банхартовиот музички стил често се споредува со оној на Марк Болан, текстописецот и пејачот на психо-рок групата од 60-тите Т-Рекс.

Дискографија

уреди
  • The Charles C. Leary (2002)
  • Oh Me Oh My... The Way the Day Goes By the Sun Is Setting Dogs Are Dreaming Lovesongs of the Christmas Spirit (2002)
  • The Black Babies (2003)
  • Rejoicing in the Hands (2004)
  • Niño Rojo (2004)
  • Cripple Crow (2005)
  • Devendra Banhart/Jana Hunter (2005)
  • Smokey Rolls Down Thunder Canyon (2007)

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Продукциски куќи

уреди

Статии и рецензии

уреди

Друго

уреди

Наводи

уреди
  1. Hall, Nicholas (April 7, 2009). „Devendra Banhart's footloose folk“. SF Weekly. Архивирано од изворникот на 2011-06-10. Посетено на May 2, 2009.