Двобојот кај Диабло

„Двобојот кај Диабло“ (англиски: Duel at Diablo) — филм на режисерот Ралф Нелсон (Ralph Nelson) од 1966 година. Автор на сценариото е Марвин Х. Алберт (Marvin H. Albert), а главните улоги ги играат: Џејмс Гарнер (James Garner), Сидни Поатје (Sidney Poitier), Биби Андерсон (Bibi Andersson), Денис Вивер (Denis Weaver), Бил Трејверс (Bill Travers), Џон Хојт (John Hoyt) и Џон Крофорд (John Crawford). Овој филм е еден од првите ревизионистички вестерни снимени кон крајот на 1960-тите и почетокот на 1970-тите.[1]

Синопсис

уреди

Поручникот Мекалистер (го игра Трејверс) е задолжен да го придружува конвојот со муниција до една далечна воена тврдина. Патот до неа води низ територијата што ја контролираат Апачите, а војниците во одредот на Мекалистер се неискусни. Единствената негова потпора е цивилниот извидник Џес Ремсберг (го игра Гарнер) и поранешниот наредник во војската, а сегашен кротител на коњи, Толер (го игра Поатје)...

Наводи

уреди