Дај ми опасност (филм од 2016)

Дај ми опасност (англиски: Gimmie Danger) - американски документарен филм, во режија на Џим Џармуш. Во филмот учествуваат членовите на „Стуџис“: Иги Поп, Скот Ештон, Рон Ештон, Дејв Александер, Џејмс Вилијамсон, Нико итн.

Синопсис

уреди

Филмот ги прикажува клучните настани од кариерата на Иги Поп: детството, неговите средношколски музички групи, запознавањето со Дејв Александер и со браќата Скот и Рон Ештон, формирањето на „Стуџис“ и снимањето на првиот албум, успехот на групата, проблемите со дрогата, распаѓањето на групата, запознавањето со Дејвид Боуви и преселбата во Лондон, неговата соло-кариера, повторното формирање на групата и смртта на членовите на „Стуџис“. Исто така, во филмот се коментира и состојбата во музичкиот и општествениот живот во САД во доцните 1960-ти и влијанието на „Стуџис“ врз современата рок-музика.[1]

Наводи

уреди