Дафина Стојаноска

Политичар од Македонија

Дафина Јованоска-Стојаноска (р. 17 ноември 1974 во Гостивар) — македонски стоматолог и пратеник во Собранието на Македонија од страна на ВМРО-ДПМНЕ.[1]

Дафина Јованоска-Стојаноска
Пратеничка на Собранието на Македонија
На должноста
Стапил
2016
Лични податоци
Роден(а) Дафина Јованоска
17 ноември 1974(1974-11-17)(49 г.)
Гостивар, СФРЈ СФР Југославија
Државјанство Македонија
Националност Македонка
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Занимање стоматолог

Животопис уреди

Дипломирала на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Работела како матичен стоматолог во родниот град Гостивар во период од 2004 до 2008 година.

Од 2008 до 2016 година е вработена во ФЗОМ во Гостивар. Стојаноска истовремено станува секретар на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар во период од 2012 до 2015 година. Во 2015 година е избрана за член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, сѐ до 2017 година, каде што повторно била избрана за член во 2018 година.[2]

Наводи уреди

  1. „Дафина Стојаноска“. www.sobranie.mk. Посетено на 2020-10-20.
  2. „Дафина Стојаноска“. VMRO-DPMNE. Архивирано од изворникот на 2020-08-09. Посетено на 2020-10-25.