Дарџилинг (чај)
Дарџилинг — чај што традиционално се цени високо над сите други црни чаеви, особено во Обединетото Кралство и земјите од поранешната Британска Империја.
Тип: | Црн |
Други називи: | Шампањ меѓу чаевите |
Потекло: | Дарџилинг, Индија |
Краток опис: | Овошно-пикантен. |
По соодветно приготвување, чајот е редок и светол со цветна арома и донекаде остра танинска карактеристичност и пикантност која познавачите често ја опишуваат како мушкат.
Фалсификатите се сериозен проблем во глобалната трговија со чај; ширум светот се продава повеќе од 40,000 тони Дарџилинг чај, додека самото производство на таквиот чај се движи од 8,000 до 11,000 тони, вклучувајќи ја локалната потрошувачка. Како мерка против ова, Чајниот Одбор на Индија има развиено метод на цертификација и лого.
Видови
уреди- Прва тура се бере од средината на март по пролетните дождови, има блага и многу светла боја и лесна арома.
- Втора тура се бере во јуни и дава килибарест и поостар напиток.
- Есенска тура се бере на есен по дождовната сезона, и е донекаде помалку нежен по вкус и пикантност.
Чајот кој се бере на лето (или во дождовната сезона) понекогаш се продава, но по пониски цени.
Наводи
уреди- Darjeeling Tea, Список на поседи Архивирано на 8 септември 2006 г. (англиски)
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Историја на чајот Дарџилинг (англиски)