Дарја Александрова Коробкина родена во Петроград, била медицинска сестра и доброволец како припадник на петтиот пешадиски полк на Дринската дивизија. Во тогашните извештаи се пишува за нејзината извонредна храброст, за тоа што „деноноќно“ ги преврзувала ранетите Срби на отворено, можела во еден ден да им пружи медицинска помош на 120 војници.[1]

Спомен плоча на зградата на старо училиште во Бачевци

Таа починала на 2 октомври 1914 година за време на тешките борби на Еминовите води, на планината Гучево, заедно со еден српски офицер.[2]

Подоцна Српските Новини кои се издавале на Крф, објавиле песна за херојството на Дарја Коробкина која ја напишал српскиот поет Милосав Јелиќ, кого таа го спаси со сопствените раце. Песната ги содржи следните редови:

А Дарја нас помилује руком
Ране веће и тежи и жали
Кад би знали Руси, кад би знали...

Во нејзина чест прво и подигнале спомен плоча во Гучево во 2014 година и споменик 2018 година, покрај Спомен костурницата и спомен-плоча во Бачевци кај Бајина Башта во 2016 година.[3]

Поврзано

уреди
  • Хероини од Првата светска војна во Србија

Наводи

уреди
  1. „Дарја Коробкина – руска болничарка и „косовка девојка" Првог светског рата“. Восток. Архивирано од изворникот на 1 декември 2017. Посетено на 28. децембар 2016.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „Gučevo – Dolina leševa“. RTS. 14. септембар 2014. Посетено на 28. децембар 2016.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  3. „Спомен-плоча храброј Рускињи која је спасила српског песника“. Спутник. Посетено на 28. децембар 2016.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски

уреди