Дарко Гашпаровиќ

хрватски театролог, драматург, книжевник

Дарко Гашпаровиќ (хрватски: Darko Gašparović; 27 април 1944, Загреб, Хрватска - 7 јануари 2017, Загреб) — хрватски театролог, драматург, книжевник, доктор по хуманистички науки и еден од најголемите и најпознатите хрватски проучувачи и истражувачи на македонската култура и уметност.[1]

Дарко Гашпаровиќ
Роден 27 април 1944
Загреб, НДХ Независна Држава Хрватска
Починал 7 јануари 2017
Загреб,  Хрватска
Занимање театролог, драматург, книжевник

Животопис

уреди

Гашпаровиќ е роден во Загреб, Хрватска на 27 април 1944 година. Гашпаровиќ бил професор на Универзитетот во Риека, а во 2016 година година ја добил свестаката награда за хуманизам на Охридската академија на хуманизмот. Гашпаровиќ се занимавал и со хрватско-македонските културни односи и врски. По повод добивањето на охридското признание, издавачката куќа „Феникс“ ја објавила неговата книга „Писмото низ вековите” во која тој се осврнал на Кирило-Методиевската традиција преку светите Климент и Наум. Во неа тој се задржува и на други пројави од македонската култура, а како автор е познат по своите стручни огледи и студии за водечките претставници на македонскиот театар: Коле Чашуле, Живко Чинго, Јордан Плевнеш, Слободан Унковски, Владо Цветановски, Дејан Пројковски и други. Непосредно пред смртта на Гашпаровиќ излезе од печат и книгата со негови есеи „Златно руно“. Починал во Загреб на 7 јануари 2017 година.[2]

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди