Данчо Шутурков (Ресен, 1935 - 14 април 2001) — македонски стопанственик - олигарх, познат во своите зделки со тутунот. Најпознат е по тоа што поседувал извесна тетратка, која била полна со имиња на македонски и српски фирми - должници што шверцувале цигари од Македонија во Србија во деведесеттите години.[1]

Данчо Шутурков
Роден 1935
Ресен , Македонија Македонија
Починал 14 април 2001
Занимање стопанственик

Животопис

уреди

Шутурков е роден во 1935 година во Ресен. По завршувањето на високото образование се вклучил во стопанскиот живот во својот град, а подоцна и на републичко ниво. По 1963 година повеќе од три и пол децении бил еден од водечките личности во организацијата за извоз на македонскиот тутун. Заземајќи ја должноста заменик генерален директор на Македонија Табак, тој бил еден од првите во извозот на македонскиот тутун, кој во сите светски рецептури за производство на цигари го наметнал македонскиот тутун. Во негово време извозот на македонскиот тутун достигнал над 10 000 тони, што на Македонија и носел монетарен приход поголем од 60 милиони американски долари. Негова е заслугата е тоа што на македонска територија (во тутунските комбинати на Скопје, Прилеп и Куманово) дошле лиценцирани марки цигари „Марлборо“, ХВ „Лорд“ и др. Починал во 2001 година.

Наводи

уреди
  1. „Белград и Скопје се тресат од тетратката на Шутурков“. Дневник. 2 април 2011. Посетено на 2012-03-10.[мртва врска]