Дамјан Даласин
Дамјан Даласин (11 век) ― византиски благородник и војсководец, дукс на Скопје, назначен во 1072 година по избувнувањето на востанието на Ѓорѓи Војтех.[1][2]
Животопис
уредиСе смета дека тој бил во сродство со Константин Даласин и дека потекнувале од угледно семејство од познатото село Даласин. Во 11 век нивното фамилијарно име се поврзува со темата Арменијака, но и Антиохија. Во изворите, нивното фамилијарно име се сретнува во времето на владеењето на Василиј II, кога во царската служба имало неколку членови на родот Даласин.[3]
За време на востанието на Ѓорѓи Војтех, дукс на Скопје бил Никифор Карантин, кој бил сменет од страна на императорот Михаил VII Дука, поради неговата неспособност да го спречи истото. За нов дукс на Скопје, бил назначен Дамјан Даласин, кој откако се соединил со војската на Карантин, се однесувал потценувачки спрема него и другите стратези, навредувајќи ги дека биле „плашливци". Битката која се водела кај Присдијана (Призрен) била жестока. Визинтиските војски биле страшно поразени.[4] Мнозина Византијци биле убиени, а не бил мал и бројот на заробениците, меѓу кои се наоѓал и самиот дукс Дамјан Даласин. Бил заробен и целиот византиски логор.[1][4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 140. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 423. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
- ↑ Krsmanović, Bojana; Крсмановић, Бојана (2001). Успон војног племства у Византији XI века (српски). Византолошки институт САНУ. стр. 64–65. ISBN 978-86-7025-315-5.
- ↑ 4,0 4,1 Михајло Апостолски, Бранко Панов (1969). Историја на макеоднскиот народ. Скопје: Институт за национална историја. стр. 165–166.