Дамаскин Студит
Дамаскин Студит (на грчки: Δαμασκηνός Στουδίτης) — грчки писател и црковен проповедник родум од Солун во XVI век.[1]
Се школувал во Цариград кај реторот Теофан Елеавулк. Се одликувал со богата култура и имал разновидни книжевни интереси. Својата кариера ја започнал како ипоѓакон, потоа станал Рендински епископ, а на крајот од животот бил митрополит. Пишувал творби и во проза и во стихови. Автор е на повеќе дела од кои најпознато е „Сокровиште“, напишано на новогрчки јазик со световен карактер, а е публикувано во Венеција во 1558 година. Со тоа дело Дамаскин Студит се вклучил во литературните текови на 16 век. Поголемиот број од неговите книги се пишувани на народен грчки јазик. Творештвото на Дамаскин Студит води до основање на таканаречената дамаскинарска литература која има силно влијание во словенските култури. Зборниците составени од неговите дела биле наречени дамаскини, но подоцна тоа име се проширило и на сите зборници со слична содржина, пишувани на јазик близок до народните говори.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 140. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help)
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |