31°46′17.9″N 35°13′44.45″E / 31.771639° СГШ; 35.2290139° ИГД / 31.771639; 35.2290139

Гробот на царот Давид

Давидовиот гроб (хебр. קבר דוד המלך) е стара тврдина која се наоѓа на планината Сион околу портата во Стариот дел на Ерусалим. Гробот на царот Давид бил изграден во текот на II век п.н.е., многупати бил рушен и обновуван, непрекинато од страна на Христијаните, Мемелуците, Муслиманите и отоманските освојувачи на градот Ерусалим, сѐ со цел да се открие тајната на првиот храм на царот Соломон.

Цар Давид е признат пророк од јудаизмот, христијанството и исламот. Преданието во Библијата вели дека цар Давид е погребан на планината Сион во Ерусалим. До гробот на Давид се наоѓа синагога која го носи неговото име. Во IV век постоела исто така христијанска црква Свети Давид, која била разрушена од страна на персиците и во 1524 година на нејзиното место е изградена џамијата ел-Дауд. Големиот камен саркофаг е покриен, на кое се изложени короните од свитоците на Тората која ги симболизира 22 израелски царства и се извезени зборовите од І Царevi: “Давид, цар на Израел, жив и постојан”. Легендата раскажува дека кај гробницата на Давид се скриени тајните од првиот храм на Соломон.

Поврзано

уреди